Организаторите на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година ги открија неверојатните дизајнерски концепти за првиот стадион кој ќе може целосно да биде растурен и составен на друго место.
Стадионот „Рас Абу Абуд“ ќе собира 40.000 гледачи и ќе биде изграден со контејнери за транспорт, и на него ќе се одржуваат натпревари до четврт-финалето на СП во 2022 година.
Иновативната арена ќе биде поставена на брегот на Доха, на само 1.5 километри од аеродромот „Хамад интернешнл“. За неговата изградба ќе бидат потребни многу малку материјали.
Концептот е дело на „Фенвик Ирибарен Архитектс“, и тие објаснуваат дека секој дел од стадионот е посебен, и дури и тоалетите и продажните киосци ќе можат да бидат пренесени на друго место. Стадионот ќе може да биде пренаменет во повеќе помали спортски објекти.