Top Sport

НБА: Победи за Мајами, Бруклин и Минесота

Минесота Тимбервулвс на домашен, односно Мајами Хит и Бруклин Нетс на гостински терен забележаа победи во натпреварите кои се одиграа во НБА лигата.

„Волците“ лесно се псравија со еден од најслабите тимови во лигата, Феникс Санс. Минесота славеше со 119:108 и ја запиша 12.победа во сезоната.

Најефикасен на мечот беше Карл-Ентони Таунс со 32 поени и 12 скока, а го следеа Џими Бтлер со 25, Ендрју Вигинс со 21 и Таж Гибсон со 16 поени и 14 скока.

Феникс го предводеше Мајк Џејмс со 26 поени.

Мајами Хит победи во Чикаго 100:93. Клучната предност Мајами ја стекна во финишот на третиот период и ја забележа третата победа во низа.

Горан Драгиќ со 24, односно Вејн Елингтон со 19 поени се истакнаа кај Мајами, а најпрецизен кај Булс беше Џеријен Грент со 24 поени.

Бруклин славеше триумф во Мемфис 98:88, по што двата тимаа имаат скор седум победи и 12 порази. Мемфис од повредата на стартниот плејмејкер Мајк Конли имаат низа од осум порази.

Демар Керол со 24, односно тревор Букер со 16 поени и 11 скока се истакнаа во победничкиот тим, а на другата страна со по 18 поени најефикасни беа Марк Гасол и Тајрик Еванс.

Scroll to Top