Оле Гунар Солскјер и Манчестер јунајтед се согласиле да го пуштат Ромелу Лукаку да потпише со Интер за 75 милиони фунти, јавува британскиот „Сан“, остварувајќи му ја желбата на новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте.
Лукаку би потпишал петгодишен договор и би заработувал 9 милиони фунти годишно, што е идентична плата каква што би ја добивал и во Јунајтед. Оваа одлука доаѓа откако белгискиот селектор Роберто Мартинез му советуваше на Лукаку да си замине од „Олд Трафорд“ за да најде „клуб кој му одговара“.
За Интер пак, ова најверојатно ќе значи дека тие ќе можат да се ослободат од Мауро Икарди, иако Аргентинецот и неговата сопруга и агент, Ванда Нара, постојано тврдат дека остануваат во Милано.
Парите кои Јунајтед ќе ги добие од трансферот ќе одат за ангажирање на играчот од средниот ред на Бурнемаут, Дејвид Брукс, за кого ќе платат 50 милиони фунти.