Top Sport

Формула 1 го претстави новото лого

Челниците на Формула 1 за време на последниот тркачки викенд оваа година го открија новиот визуелен изглед на ова натпреварување.

Старото лого по 23 години замина во историјата, а новото лого, кое е поедноставно од претходното, ќе се користи од сезоната 2018.

Дизајнот на логото е претставен веднаш по прогласувањето на победниците на последната трка во сезоната, во Абу Даби. на трката победи Валтери Ботас, кој во конечниот пласман го освои третото место.

Зад Ботас траката ја завршија новиот светски шампион, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Во поредокот на конструктори титулата ја освои Мерцедес пред Ферари и Ред Бул.

Scroll to Top