Поранешниот капитен на хрватската репрезентација, Даријо Срна се враќа во Украина, каде што помина поголем дел од својата кариера, откако неговиот поранешен клуб Шахтјор Доњецк потврди дека тој ќе биде помошник тренер.
Срна, кој беше капитен и на Шахтјор, минатата сезона играше во Серија А во тимот на Каљари, а сега ќе биде помошник тренер на новиот прв човек на украинскиот гигант, Луис Кастро, иако не е јасно дали ќе продолжи да биде и фудбалер.
Срна има 536 натпревари за украинскиот клуб од 2003 до 2018 година и 49 постигнати голови, а со клубот го освои и УЕФА купот, како и дополнителни 25 трофеи.
⚡ Легенда – дома! ? Дарио Срна возвращается в «Шахтер» ⚒
Узнайте все подробности ⬇️https://t.co/QVJgxcOoyR
— ⚒FC SHAKHTAR DONETSK (@FCShakhtar) June 20, 2019