Откако ги предводеше Ливерпул до титула од Лигата на шампионите во Мадрид, менаџерот Јирген Клоп доби заслужен одмор во Мексико заедно со неговата сопруга.
Харизматичниот Германец за малку не успеа на „црвените“ да им донесе и трофеј од Премиер лигата, и следната сезона, на 30 години од последниот лигашки трофеј на Ливерпул, ќе се обиде повторно да ги предизвика Манчестер сити.
Енергијата Клоп ја собира на плажите во Мексико заедно со сопругата Ула Зандрок, и полека ги „кова“ плановите за новата сезона. Ливерпул почнува со акција веќе на 20 јули, кога ја почнуваат американската турнеја со дуел со неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд во Индијанаполис.