Ливерпул замената за Алберто Морено, кој го напушти „Енфилд“ како слободен играч, ја најде во Шпанија, во тимот на Реал Бетис, пишува каталонски „Спорт“. Се работи за 22-годишниот фудбалер Јуниор Фирпо.
Младиот Шпанец би бил првото засилување за европскиот фудбалски шампион. „Спорт“ пишува дека единствениот проблем кој може да се појави при ангажирањето на Фирпо е откупната клаузула на Бетис.
Тој е врзан со договор со шпанскиот клуб, а за евентуален трансфер Ливерпул треба да плати 45 милиони евра, за фудбалер кој би бил втор избор во тимот на Клоп.
„Ливерпул е амбициозен клуб кој мора да троши пари ако сака да биде конкурентен со останатите. Сите трошат, па мораме и ние“ – изјави неодамна германскиот стручњак.