Легендарниот чешки фудбалски голман, Петр Чех пред 3 недели официјално ја заврши фудбалската кариера во тимот на Арсенал, а денеска се врати во Челси. Овојпат не како голман, туку на позицијата технички советник.
Чех за „сините“ од Лондон бранеше на 494 меча.
„Се чувствувам привилегирано што добив можност да се вратам во Челси. Ќе се обидам да му помогнам на клубот да напредува и да постигне уште подобри резултати отколку во последните 15 години“ напиша Чех на Твитер.
Сега веќе екс-голманот рече и дека „се радува на новиот предизвик“
I feel very privileged to have this opportunity to join @Chelseafc again and help create the best possible high level performance environment to continue the success the club has had over the past 15 years … pic.twitter.com/FvcZc698mx
— Petr Cech (@PetrCech) June 21, 2019