Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг пред трката во Формула 1 која викендов ќе се вози за Големата награда на Франција. Хамилтот оствари резултат 1:32,738.
Втор беше неговиот тимски колега Валтери Ботас со заостанување од 0,069 секунди, додека трет беше возачот на Ферари, Шарл Леклер со заостанување од 0,373 секунди зад Хамилтон.
Макс Ферстапен од Ред Бул беше четврти со заостанување од 0,880 секунди, додека петти заврши Себастијан Фетел од Ферари со 1,052 секунди зад времето на првопласираниот.
Ферари го унапреди болидот, пред се аеродинамиката пред трката во Франција.
Вториот тренинг ќе се одржи денеска попладне. Утре се на програмата квалификациите, а трката е во недела во 15.10 часот на стазата „Пол Рикар“.