Џаром Игинла, шесткратен Ол стар од НХЛ лигата, доби покана од Канадската хокеарска федерација да биде дел од олимпискиот турнир во Пјеонгчанг во февруари, откако поради одлуката на НХЛ да не ги пушти хокеарите на Олимпијадата, канадскиот тим ќе биде без вистински ѕвезди.
40-годишниот Игинла, кој има настапи на три Олимпијади, во моментов е слободен агент откако имаше операција на колкот. Ако не потпише договор со НХЛ тим, тој ќе може да игра за Канада.