Италијанските прволигаши, Фиорентина и Парма сакаат во своите редови да го видат повремениот италијански фудбалски репрезентативец, Марио Балотели (29) кој сега е слободен играч.
По шестмесечната авантура во Олимпик Марсеј, период за кој Балотели одигра 15 меча и даде 8 гола, фудбалерот би можел повторно да заигра во татковината.
За Парма проблем е неговата висока годишна плата од 4 милиони евра колку што заработуваше во Франција, а новиот претседател на „виолетовите“ Роко Комисо и тренерот Винченцо Мотела сакаат да доведат искусен напаѓач, но проблематичниот карактер на „Супер-Марио“ секогаш отвора дополнителен простор за анализа.
Балотели од 2007 до 2010 играше за Интер, а подоцна во два наврата беше дел и од Милан.