Селекторот Феликс Санчез вели дека Катар не се на Копа Америка оваа година за да имаат селфи со Лионел Меси и додаде дека тие ќе се обидат вечерва да ги елиминираат Аргентина и да се пласираат во четврт-финалето.
Катар и Аргентина ќе играат вечерва (21.00) во Порто Алегри, и победникот од мечот најверојатно ќе биде четврт-финалист. Шампионите од Азискиот куп, Катар имаат еден поен, исто колку и Аргентина, но со подобра гол-разлика.
„Не сме добро познати во Јужна Америка, но имаме професионални фудбалери и тука сме да се натпреваруваме, не да се фотографираме со Меси. Тие се фаворити и мораат да победат, а ние сме тука да се спротиставиме против тимот со најдобриот фудбалер на светот. Имаме шанси да се квалификуваме и тоа не возбудува, не мечот со ѕвездите на Аргентина“, вели шпанскиот тренер.