Нигерската женска репрезентација, конечно, го напушти својот хотел во Франција, откако заврши протестот поради несогласувањата околу парите.
Нигеријките беа елиминирани во саботата од СП по поразот од Германија во осминафиналето, и според извештаите на медиумите од Нигерија не им биле исплатени парите за настапот на Мундијалот, а во исто време федерацијата им должи пари за мечеви во последните три години.
„Ни дадоа 1 милион наира (околу 2.400 евра) и ни кажаа дека тоа е тоа. Сакаме да имаме чисти сметки. Дел од парите кои ги должат се од пред две години, а дел од пред три години. Машкиот тим кој настапуваше на СП доби бонуси“, изјави една фудбалерка за „ЕСПН“.
Ова не е првпат репрезентацијата да протестира околу бонусите. По победата на Африканскиот куп на нации во Камерун во 2016 година, тимот во престолнината Абуџа организираше протестен марш, а во 2004 година тие одбија да се исселат од хотелот во Јужна Африка по освојувањето на африканската титула додека не им се исплатат парите.