Top Sport

Ван-Бисака оваа недела го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед

Арон Ван-Бисака ќе има медицински тестови на „Олд Трафорд“ оваа недела пред комплетирањето на трансферот вреден 55 милиони фунти од Кристал палас, јавува „Гол“.

Десниот бек треба да пристигне во тренинг-кампот во Керингтон по враќањето на У-21 репрезентацијата на Англија, која е веќе елиминирана од ЕП во Италија. Дефанзивецот на Кристал палас би требало да биде прв избор на десен бек во подмладувањето на тимот на Јунајтед и ќе биде второ засилување за „ѓаволите“ по доаѓањето на Даниел Џејмс од Свонси.

21-годишниот Ван-Бисака предизвика внимание во Јунајтед со неговата интелигентна игра во нападот и одбраната откако тој беше прогласен за фудбалер на сезоната на „Селхарст парк“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');