Кошаркарската селекција на Турција немаше среќа во жрепката за групната фаза на претстојниот Мундијал во кошарка во Кина, кој започнува на 31 август. Турците се во група со САД, со Чешка и со Јапонија.
Селекторот Сариџа го објави прелиминарниот список на кошаркари на кои ќе смета за Мундијалот, а на него има 26 имиња, од кои двајца натурализирани Американци и двајца играчи кои играат во НБА.
Бекот на Фенербахче, Боби Диксон (Али Мухамед) и Скоти Вилбекин се натурализирани, а во најсилната светска лига настапуваа, нашинецот Чеди Осман и Ерсан Илјасова.
Еве го прелиминарниот список на репрезентативци:
Догуш Балбај, Сертач Шанли, А. Буграхан Тунчер, Метечан Бирсен, Јигитчан Сајбир, Толга Гечим, Ридван Ончел, Сехмус Хазер, Раџип Берке Атар, Картал Озмизрак, Мерт Акај, Али Мухамед (Боби Диксон), Мелих Махматоглу, Хусеин Гоксенин Коксал, Еге Арар, Ајберг Олмас, Семих Ерден, Бер Ибрахим Угурлу, Мухсин Јашар, Јигит Арслан, Беркан Дурмаз, Метин Турен, Чеди Осман, Ерсан Илјасова, Фуркан Коркмаз и Скоти Вилбекин.