Уганда се искачи на првото место во групата А на Африканскиот куп на нации откако одигра 1:1 со Зимбабве за да си ги зголеми шансите за пласман понатаму. Домаќинот Египет го пречекува ДР Конго во вториот меч од групата од 22 часот.
Уганда поведе со голот на Емануел Окви во 12. минута од мечот, но Зимбамбве успеа да ги освои првите поени на шампионатот со голот на Билијат во 40-тата минута.