Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха, имал намера да го напушти клубот во летниот преоден рок. Тој наводно сакал наредната сезона да игра за Арсенал.
Кристал Палас заработија рекордни 50 милиони фунти од трансферот на Арон Ван-Бисака во Манчестер Јунајтед, поради што не биле заинтересирани да го продадат и Заха. Исклулок ќе биде само понуда од околу 80 милиони фунти.
Доколку Заха биде продаден 25 отсто од сумата ќе оди во Манчестер Јунајтед, клуб откаде крилниот напаѓач пред четири години се пресели во Кристал Палас.
Арсенал имаат желба да го донесат Заха, но проблем се парите. Менаџерот Унаи Емери има скромен фонд на пари за засилувања што значи дека ќе мора да продава за да собере средства за евентуалниот трансфер на Заха.
Прв кој ќе замине е Уругваецот Лукас Тореира, иако зад себе има одлична деби сезона во дресот на Арсенал. Уругваецот е проценет на 30 милиони евра.