Пјер-Емерик Обамејанг, најдобриот стрелец на Арсенал бил подготвен да го напушти клубот и својата кариера да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми.
Габонецот во јануари 2018 година за клупски рекорд од 56 милиони евра пристигна на „Емирејтес“ од Борусија Дортмунд.
Тој минатата сезона беше најдобра стрелец (31 гол на 51 натпревар), но не успеа да му помогне на тимот да се пласира во Лигата на шампионите. Арсенал во Премиер лигата завршија на петтото место, а беа декласирани од Челси (4:1) во финалето на Лига Европа.
Поради тоа се шпекулира дека тој не би се противел на трансфер во Манчестер Јунајтед, иако и овој тим нема да игра во Лигата на шампионите.
Оле Гунар Солскјер сметал дека Обамејанг би бил идеална замена за Ромелу Лукаку кој се подготвува да го напушти Јунајтед.
Габонецот има договор со Арсенал до јуни 2021 година.