На стадионот „Жерлан“ во Лион на 3 јуни 1997 година е постигнат еден од најславните голови во историјата на фудбалот. Левиот бек на Бразил, Роберто Карлос, му даде гол од 35 метри на еден од најславните голмани во тоа време, Фабијан Бартез, кој не се помрдна од гол-линијата.
„Невозможен гол“ така најчесто се нарекуваат голот поради изведбата, реализацијата и неверојатното движење кое го имаше топката. Шут и гол каков што никогаш дотогаш не е виден и изведен. Прецизно изведен слободен удар, како топката да беше ласерски водена.
„Прекрасен гол. Вложив многу тренинг и работа во мојата кариера за да го изведам ова. Сега тој труд се исплатеше бидејќи постигнав гол кој влегува во историјата“, изјавил во минатото Роберто Карлос, кој признал дека никогаш не се обидел да го повтори сопственото ремек-дело.
„Никогаш не се обидев повторно да го изведам тоа, знаев дека нема да ми успее. На некого во иднина ќе му успее. Мојата сатисфакција ќе биде што тоа го направив прв“.
Дури и научници по физика се обидоа да дојдат до логично објаснување за овој гол, но нивните теории се разликуваат.
Расправата која трае две децении ја пресече авторот на голот. Роберто Карлос признал како го постигнал „невозможниот гол“.
Имено, „Лекип“ направил голем специјал со најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот. Некои свои тајни откриле Платини, Пирло, Михајловиќ, Жунињо и секако Бразилецот Роберто Карлос.
„Топката одеше далеку од голот, но ветерот ја врати и ја испрати во голот. Тоа е објаснувањето за волшебниот гол“.