Светската фудбалска федерација (ФИФА) го претстави официјалниот постер за Светското првенство во Русија следната година, со фантастичен дизајн на легендата на советскиот фудбал, голманот Лев Јашин.
Инспириран од конструктивизмот, на постерот е Јашин со заштита за повреденото колено и неговата славна капа, како скока да го фати глобусот, каде што се гледа Русија од вселената. Од постерот има портокаловизраци, а зелениот круг во средината ги симболизира 12-те терени на кои ќе се игра првенството. Постерот е дело на рускиот уметник Игор Гурович.
Introducing the official #WorldCup poster for ??Russia 2018! pic.twitter.com/91OTD6SYOq
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 28, 2017
„Горди сме на ова уметничко дело кое претставува толку важна икона на спортот“, изјави генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура.
Јашин, кој почина во 1990 година, настапи на четири Светски првенства (1958, 1962, 1966 и 1970), и останува единствениот голман кој ја добил „Златната топка“.
Ждрепката за Мундијалот ќе се одржи во петок во Кремљ, пред турнирот од 14 јуни до 15 јули 2018 година.