Еден од најталентираните Формула 1 возачи во последната деценија, Макс Ферстапен ќе може да преговара за заминување од Ред бул доколку не успее да победи на неделното Австриско ГП, поради клаузула во неговиот договор.
Холанѓанецот можеби е четврти во генерален пласман со 11 поени зад третопласираниот Себастијан Фетел, меѓутоа Мерцедес ги има освоено сите победи досега оваа сезона, и доколку не успее во неделата, тука се возачите на Ферари.
Според шпанска „Марка“, таткото на Макс, ексвозачот Јос Ферстапен во договорот на неговиот син вметнал клаузула за сигурна победа во сезоната 2019 за да се исполнат условите да продолжи со Ред бул. Токму тоа е една од причините поради кои советникот на тимот, Хелмут Марко неодамна побара од Хонда повеќе моќ на моторот.
„Би сакале да видиме повеќе ризикување и зголемена моќ на моторот. Подобро е да стартуваме подолу со моќен мотор, бидејќи ако Макс стартува од последното место, барем е гарантирана добра трка“, вели Марко.
Според холандските медиуми, Ферстапен би можел да се понуди на Мерцедес и Ферари веќе за следната сезона, иако не е јасно дали би имале место за него. Фетел и Шарл Леклер се речиси недопирливи во Ферари за 2020 година, додека местото на Ботас во Мерцедес покрај Хамилтон изгледа малку понесигурно.