Во финалето на последниот подготвителен турнир за Вимблдон во англискиот Истбурн, двајца Американци на кои никој не сметаше ќе се борат за титулата – специјалистот за игра на трева Сем Квереј и младиот Тејлор Фриц.
Квереј во три сета успеа со 6:3/6:7(4)/6:3 го победи Италијанецот Томас Фабијано, додека Фриц имаше полесна задача и со 7:6(8)/6:3 го победи Британецот Кајл Едмунд.
Во женското финале ќе се сретнат две попознати имиња – поранешната гренд слем шампионка, Анџелике Кербер и Чехинката Каролина Плишкова. Германката Кербер влезе во финалето по повлекувањето на Тунижанката Онс Жабер, додека Плишкова ја „растури“ Кики Бертенс со 6:1/6:2 во второто полуфинале.