Top Sport

Дивац и Сакраменто даваат 100 милиони за Хорфорд

Сакраменто кингс се подготвени да дадат огромна понуда од 100 милиони долари за четири години на центарот на Бостон селтикс, Ал Хорфорд.

Генералниот менаџер на тимот, легендата Владе Дивац, подготвил богата понуда за 33-годишниот Ол-стар играч, кој е вториот кој се поврзува со заминување од Бостон по веста дека Кајри Ирвинг е подготвен да направи трансфер во Бруклин.

Хорфорд помина три сезони со Селтикси, а за него се заинтересирани и Филаделфија Сиксерс. Хорфорд минатата сезона имаше просек од 13.6 поени, 6.7 скокови и 4.2 асистенции по меч.

Scroll to Top