Нејмар нема намера да се врати во Пари Сен Жермен, а во Барселона немаат ништо против играчот да се врати на „Ноу Камп“. Кога пред две години замина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, Бразилецот делуваше како најсреќниот човек во светот, но бргу ги разбра работите.
Нејмар моли да се врати во Барселона откаде замина за многу пари, иако неговото образложение беше дека не сама да биде во сенката на Меси.
Во Каталонија немаат ништо против трансферот, наводно подготвиле 70 милиони евра и двајца фудбалери, но за тој да се реализира Бразилецот треба да ја повлече тужбата против клубот, јавно да се извини и да прифати значително намалување на платата.
ПСЖ годишно Бразилецот го плаќа 36 милиони евра, во Барселона нема шанса да ги добие тие пари. Барса му нудат 16 милиони евра по сезона и пет годишна соработка. Платата може да расте до 22 милиони евра во зависност од тоа како Нејмар ќе ги реализира бонусите што ќе бидат вметнати во договорот.
Исто така откупната клаузула на Нејмар ќе изнесува 500 милиони евра.