Она што беше договорено уште на 28 мај, помеѓу Атлетико Мадрид и Порто, во средата доби официјална потврда. Фелипе Монтеиро (30) утре ќе го стави својот потпис на три годишениот договор со Атлетико.
Челниците на клубот од „Ванда Метрополитано“ за Фелипе платија 20 милиони евра, со што Бразилецот стана најскапиот дефанзивец во историјата на клубот.
?⚪ #BienvenidoFelipe ?⚪
? Hoy llega a Madrid Felipe, central brasileño procedente del @FCPorto, y mañana firmará su contrato que le vincula con nuestro club para las próximas tres temporadas ?
?? ¡Bienvenido a tu nueva casa! ☺
?? https://t.co/0Z5JgwWXST#AúpaAtleti pic.twitter.com/DS6eDFkXgn— Atlético de Madrid (@Atleti) July 3, 2019
Фелипе за Порто одиграл 142 натпревари (27 во Лигата на шампионите) и постигнал 11 гола. Тој треба да биде замена за Диего Годин кој замина во Интер.
Фелипе Монтеиро е третото засилување за Атлетико досега, претходно во клубот пристигна Маркос Љоренте од Реал за 40 милиони евра, а се чека официјалната промоција на левиот бек од Атлетико Паранаенсе, Лоди.