Американскиот кошаркар, Чарлс Џенкинс најави дека се враќа во Белград, во тимот на Црвена Звезда. Популарниот „Џенка“ најави дека по третпат ќе задолжи опрема на тимот од Мал Калемегдан.
Џенкинс на својот Инстаграм профил го најави враќањето во главниот град на Србија, а постави фотографии во „црвено-белиот“ дрес.
Џенкинс би требало да е третото сезонско засилување за „црвено-белите“ по Дерик Браун и уште еден повратник, српскиот центар Огњен Кузмиќ.
https://www.instagram.com/p/Bzf9GKxllCN/?utm_source=ig_web_button_share_sheet