Блејк Грифин, поради повредата на задниот вкрстен лигамент на коленото, од тимот на ЛА Клиперс ќе отсуствува најмлаку два месеци.
Грифин се повреди во понеделникот на натпреварот со ЛА Лејкерс, кога во борба за топак врз неговото колено падна соиграчот Остин Риверс.
По повредата тој успеа сам да замине од „Стејплс центар“, иако во клубот стравуваа дека повредата е многу посериозна. Истото колено, Грифин го оперираше пред осум години.
Седумкратниот Ол-стар играч сезонава во просек по натпревар бележи 23,4 поени, 7,7 скока и 5 асистенции.
ЛА Клиперс е најмалерозниот тим сезонава во НБА лигата, бидејќи пред Грифин се повредија Милош Теодосиќ, Данило Галинари и Патрик Беверли.