Top Sport

Шкендија се засили со Хуан Фелипе

Бразилецот Хуан Фелипе (31) во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Шкендија. Хуан Фелипе во редовите на шампионот пристигна од Вардар.

Шпекулациите дека еден од најдобрите играчи на Вардар, каде што мина две сезони, ќе се пресели во Шкендија, добија потврда во саботата. Хуан Фелипе како слободен играч потпиша две годишен договор со Шкендија.

Новиот играч нема право да настапи во квалификациите против Номе Калју од Естонија, но доколку Шкендија ја мине оваа пречка ќе конкурира за место во тимот за наредната рунда каде противник на македонскиот шампион ќе му биде Селтик или Сараево.

фото/ kfshkendija.com

Scroll to Top