Лионел Меси доби црвен картон на натпреварот за трето место на Копа Америка 2019. Аргентина и Чиле на Коринтијанс арена играат за бронзениот медал. Мечот, порадо големото ривалство и двете победи на Чиле над Аргентина во финалните мечеви донесе многу тензија на теренот.
При водство на Аргентина 2:0 во 36 минута од првото полувреме Меси иницираше намерен контакт со капитенот на Чиле Гери Медел, кој не сакаше да остане должен се залета кон Меси и малку фалеше целата ситуација да прерасне во тепачка.
Без размислување главниот судија, кој лошо го води мечот, на двајцата капитени им покажа црвени картони.
Интересно ова е вториот жолт картон за Меси во кариерата и втор кој го добива во дресот на репрезентацијата.
Првиот црвен картон Меси го доби на дебито за Аргентина, на пријателскиот меч со Унгарија одигран на 17 август 2005 година.