Тренерот на Парма Роберто Даверса (43) го продолжил договорот со клубот до јуни 2022 година.
Даверса ја презеде Парма во декември 2016 година кога клубот се натпреваруваше во третиот ранг на италијанскиот фудбал.
Тој најпрвин успеа да ја врати Парма во Серија А, минатата сезона ја оствари главната цел, успеа на клубот да му обезбеди опстанок во лигата.