Пол Погба не направил ништо со што би ги навредил челниците, тренерот и армијата навивачи на Манчестер Јунајтед, тврди неговиот менаџер Мино Рајола.
Францускиот репрезентативец неодамна изјави дека бил подготвен да го напушти „Олд Трафорд“, бидејќи му бил потребен нов предизвик во кариерата.
Оваа негова изјава предизвика лавини од негативни коментари од навивачите и од новинарите.
„Пол не направил ништо лошо. Беше професионален како и секогаш. Во клубот знаат како тој се чувствува веќе подолго време. Штета што луѓето сакаат да критикуваат, а при тоа да ги немаат вистинските информации. Жалам што клубот не застана во негва одбрана. Се надевам дека наскоро ќе најдеме решение од кое сите страни ќе бидат задоволни“, рекол Рајола.
Вече неколку недели се шпекулира дека Погба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид или Јувентус. Во меѓувреме Погба заедно со „црвените ѓаволи“ отпатува на турнеја во Австралија.