Хрватската тениска надеж, 21-годишната Дона Векиќ ќе ја почне новата тениска сезона со нов тренер – Германецот Торбен Белц, човекот кој и донесе две гренд слем титули на Анџелике Кербер пред разделбата минатиот месец
„Следната сезона е пред нас и едвај чекам да почнам да работам со Торбен Белц. 2017 беше мојата најдобра сезона бидејќи влегов во топ 50 и ја освоив втората ВТА титула, но сакам уште повеќе. Ова е голема шанса да соработувам со еден од најдобрите на светот“, изјави Векиќ.
Во јуни, Хрватката се врати од сет негатива за 2:6/7:6(3)/7:5 победа над Џоана Конта во финалето во Нотингем, прва титула за неа од трофејот во Куала Лумпур во април 2014, кога имаше само 17 години.