Гонзало Игуаин се јави на медицински тестови пред новата сезона во Јувентус, и доби одличен прием од навивачите на „старата дама“ иако е несигурно каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата.
31-годишниот Игуаин делеше автограми и доби извици „остани со нас“ од собраните навивачи, иако минатата сезона ја помина на позајмица во Милан и во Челси, каде што го донесе сегашниот тренер на Јуве, Маурицио Сари.
Сари го повика на тренинзи, но останува нејасно дали тој ќе остане ова лето, бидејќи тешко дека ќе добие место во стартниот тим покрај Кристијано Роналдо. Рома се меѓу заинтересираните клубови, но неговиот брат, кој исто така е агент, отфрли можност за било каков трансфер во Серија А.
“Resta con noi Gonzalo!”
Tifosi #Juve accolgono così #Higuain al #JMedical pic.twitter.com/avnGFSSaQw— Tuttomercatoweb (@TuttoMercatoWeb) July 10, 2019