Top Sport

Тевез не ги исполнил очекувањата, но ќе добие нов договор?

Тимот на Шангај Шенхуа минатата година го направи Карлос Тевез најдоброплатениот фудбалер на светот, но во 16 натпревари во Кинеската Суперлига, тој успеа да постигне само 4 гола. И да заработи 748 илјади евра неделно.

Аргентинецот не беше ниту на клупата неодамнешното финале од кинескиот куп против Шангај СИПГ. Очекувањата беа големи, така што не се штедеше на критиките. Но, претседателот на клубот Жоу Џун вели дека и покрај сè, тој може да добие нов договор!

„Се решивме да го донесеме Тевез бидејќи почнуваа квалификациите за Лигата на шампиони, а немаше правила за ограничена финансиска активност. Тој играше доста добро во Бока јуниорс и во Јувентус и ни беше потребен таков играч. Секако, тој не ги исполни нашите очекувања. Меѓутоа, тренира напорно и се гледа неговиот напор. Околу неговиот договор, евентуалното продолжување треба да биде усогласено од двете страни. Ќе видиме како ќе течат преговорите“, вели Жоу.

Scroll to Top