Нејмар нема намера да се врати во Париз, посакува трансфер во Барселона. На „Ноу Камп“ се поделени мислењата околу неговото враќање, најмногу поради начинот на кој го напушти клубот пред две години, кога ПСЖ го реализираше трансферот од 222 милиони евра.
Барселона го сака Нејмар, но како што пишуваат медиумите во Шпанија, тие немаат пари за да го купат. Каталонците на ПСЖ биле подготвени да им дадат тројца фудбалер за Нејмар.
„Билд“ денес објави дека Барселона на ПСЖ им понудиле да изберат тројца од овие четворица играчи: Фелипе Кутињо, Усман Дембеле, Нелсон Семедо и Самуел Умтити.
На спискот го нема Иван Ракитиќ. Хрватот не сакал да ја напушта Барселона, а тренерот Ернесто Ваверде сметал дека тој му е неопходен во тимот.
Французите се сигурни дека спортскиот директор Леонардо ќе се согласи на ваква размена само за да се ослободи од Нејмар и да започне тимот да го гради околу Килијан Мбапе.