Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во нападот.
Марковиќ е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата.
Младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера.
Бил член на Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија има настапувано за Вождовац и за Радник.
Марковиќ е шестото засилување за Работнички во пресрет на новата сезона. Претходно договори со клубот потпишаа Марко Клисура, Димитар Тодоровски, Димитар Велкоски и Борјан Пановски, додека првиот професионален договор со Работнички го потпиша Давид Тошевски кој доаѓа од младинскиот погон на клубот.
Работнички утре (18 часот) ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Брегалница на Градскиот стадион во Штип.
фото/фк работнички