Top Sport

Сколс: Лингард е на исто ниво со Мхитарјан

Џеси Лингард има „исто ниво на квалитет“ како Хенрик Мхитарјан вели легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сокс, откако тој постигна одличен гол во последниот меч за „црвените ѓаволи“.

24-годишниот Лингард доцна си го осигура местото на „Олд Трафорд“, откако неколку пати беше позајмен на неколку тимови. Од враќањето во Јунајтед, тој стана редовен и во англиската репрезентација, и Сколс верува дека во Манчестер мораат да му веруваат.

„Можеби соиграчите уште не му веруваат доволно. Не е толку големо име како Мхитарјан или некој таков играч. Но, квалитетот е тука. Има исто ниво како Мхитарјан – може да постигнува голови, да создава шанси. Сега мора само да е попостојан и да биде редовен во првиот тим. Веќе не е играч за мали работи“, вели Сколс.

Scroll to Top