Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Шампионот Голден Стејт играше продолжение во Лос Анџелес, во Филалдлефија белскаше трилингот маледи кошаркари: Симонс-Шариќ-ембид, а Олдриџ со доминантна игра го скрши Мемфис.
Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс дури по дополнителните пет минути успеа да ги победи Лејкерс во Лос Анџелес. Дуелот во продолжението го реши Стеф Кари кој на 15 секунди до крајот реализира две слободни фрлања.
Дурент беше најефикасен кај победникот со 29 поени, 7 скока и 5 асистенции, а поен помалку со ист број и асистенции како и Дурент имаше Кари. Лејкерс го предводеше Инграм со 32 поени.
KD connected on two big time shots for the @warriors in OT! #DubNation pic.twitter.com/N9ZHv2Mhbz
— NBA (@NBA) November 30, 2017
Филалделфија славеше над Вашингтон 118:115, иако во еден дел од третиот период предноста изнесуваше 24 поени. Блескаше триото на Филаделфија Симонс-Ембид-Шариќ кое искомбинира 80 поени и 40 скока.
The and 1 from Dario seals it for the @sixers!#HereTheyCome defeats the @WashWizards at home 118-113.
PHI is now 6-4 at home! pic.twitter.com/r5x7VIsJw4
— NBA (@NBA) November 30, 2017
Симонс заврши со 31 поен, 18 скока и 4 асистенции и стана првиот дебитант по Шекил О’Нил во 1993 година кој на еден натпревар забележал повеќе од 30 поени и 18 скокови. Ембид имаше учинок од 25 поени и 14 скока, а Шариќ од 24 поени и 8 скока.
Џејс Харден постигна 29 поени, на кои придодаде 8 скока и 10 асистенции и го предводеше Хјустон до рутинска победа над Индијана 118:97. Харден стана првиот играч во лигата, кој од почетокот на сезоната забележал најмалку 200 асистенции. Одличен меч за Хјустон одигра и Капела (22 поени, 13 скока), додека Андерсон постигна 19 поени.
Минесота успеа да ја неутрализира центарската линија на Њу Орлеанс што беше клучно за победата 120:102. Казинс и Дејвис најдобарата центарска линија во НБА лигата мечот го завршија со по 17 поени, десет помалку од најефикасниот играч на Њу Орлеанс Холидеј.
Кај Минесота седуммина постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Вигинс со 28 поени.
Ламаркус Олдриџ одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и со 41 поен го предводеше Сан Антонио до победата над Мемфис 104:95. Покрај Олдиџ уште тројца играчи на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број на поени: Милс, Паркер и Андерсон постигнаа по 13 коша.
Резултати:
Детроит Пистонс-Феникс Санс 131:107
Орландо Меџик-Оклахома Тандер 121:108
Филаделфија-Вашингтон 118:113
Њујорк Никс-Мајами Хит 115:86
Торонто Репторс-Шарлот Хорнетс 126:113
Хјустон Рокитс-Индијана Пејсерс 118:97
Њу Орлеанс Пеликанс-Минесота Тимбервулвс 102:120
Сан Антонио Спарс-Мемфис Гризлис 104:95
ЛА Лејкерс-Голден Стејт Вориорс 123:127