Top Sport

Торино во чест на Шапекоенсе ќе носи зелени дресови

Една година мина од трагедијата кога целиот тим на Шапекоенсе загина во авионска несреќа. Истата судбина во 1949 година ја доживеа италијанскиот клуб Торино.

Генерацијата на Торино која освои три титутли во Италија, остана без 18 фудбалери, кога авионот се урнал во планините околу Торино.

Поради тоа италијанскиот клуб ќе се солидализира со шапекоенсе и во недела против Аталната играчите ќе носат зелени дресови.

„Торино и Шапекоенсе, судбински обединети, пријатели засекогаш“, стои во официјалното соопштение на Торино.

Приходот од продажбата на зелените дресови клубот ќе го проследи до семејствата на загинатите во авионската несреќе.

Scroll to Top