Френк де Бур можеби беше на клупата на Интер само 85 дена во 2016 година, но Холанѓанецот тврди дека ќе бил успешен тренер ако му дадоа вистинска шанса.
Де Бур загуби 7 од 14-те меча во кои ги предводеше „нераѕурите“, но вели дека неуспехот не бил гарантиран туку дека бил „миниран“ од управата на клубот. Де Бур исто така имаше кратка авантура во Кристал палас, по што сега работи за Атланта јунајтед во МЛС лигата.
„Работам за многу млад клуб, каде што нема многу поранешни претседатели или директори со многу влијание. Кога играв во Интер, дојде еден агент на фудбалер и лично ми кажа: ’Да знаев дека нема да го пушташ мојто фудбалер, немаше да дадам дозвола да станеш тренер’. Тоа покажува какво влијание имаа тие луѓе во клубот. Бев шокиран што немаше ниту една дисциплинска мерка тука. Тука е многу поопуштено, но верувам дека ќе успеев во Интер да беа малку потрпеливи. Еден ден ќе покажам дека можам да успеам во врвна европска лига“, вели Де Бур во интервју за „Де Телеграф“.