Прв пат во историјата на Ла Лига најголемите шпански клубови, во еден преоден рок, реализираа трансфери поголеми од 100 милиони евра. Благодарение на Реал, Барселона и Атлетико Мадрид до овој момент шпанските клубови во нови играчи вложиле над една милијарда евра.
Најголемиот трансфер засега, а се чини дека така и ќе остане, го има Атлетико. „Јорганџиите“ за 19 годишниот Жоао Феликс на Бенфика и платија 126 милиони евра. Инаку овој трансфер засега е најголем во Европа, во актуелниот преоден рок.
Втор е трансферот на Антоан Гризман. Барселона ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор од 120 милиони евра.
Третиот најголем трансфер во Ла Лига е оној на Еден Азар. Белгиецот од Челси во Реал пристигна за 100 милиони евра.
Покрај трансферите со девет цифри, овие три тима потрошија дополнителни суми на пари и за други играчи.
Френки де Јонг од Ајакс во Барселона пристигна за 75 милиони евра, Реал за Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферлан Менди и Родриго потроши 203 милиони евра, а за 40 милиони евра „кралскиот клуб“ го испрати Маркос Љоренте во Атлетико.
Со оглед на тоа дека е 15 јули за очекување е дека шпанските тимови ќе потрошат уште многу пари на засилувања.