Трансферот на Пол Погба е тема која неколку недели се провлекува во медиумите, се поврзува со Реал и Јувентус, но како сега стојат работите тој ќе остане во Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми повикувајќи се на извори од клубот објавија дека никој не испратил официјална понуда за нивниот фудбалер. Инаку, претходно медиумите пишуваа дека Јунајтед би го продале Погба за 170 милиони евра.
Шпанците тврдеа минатата недела дека Реал биле подготвени да платат 120 милиони евра и да испратат еден фудбалер на „Олд Трафорд“, Герет Бејл или Иско.