Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, открил дека Ромелу Лукаку нема да биде во составот за утрешниот натпревар против Интер, што ќе се одигра во рамките на Меѓународниот куп на шампионите.
Од почетокот на преодниот рок, Лукаку се поврзува со трансфер во Интер, меѓутоа преговорите помеѓу тимовите не мрднале од почетната позиција. Јунајтед бараат 80 милиони евра за Белгиецот. Интер сметаат дека таа сума е превисока, поради што синоќа се појавија информации дека италијанскиот клуб се повлекол од овој трансфер и дека ќе се насочи на трансферот на Единсон Кавани од ПСЖ.
„Не е подготвен, што значи дека нема да игра“, рекол Солскјер. Лукаку не беше во составот ниту на претходните две средби во Австралија, против Перт и Лидс Јунајтед.
Менаџерот на Јунајтед потврдил дека утре во тимот ќе бидат Давид Де Хеа и Лук Шо. Голманот поради болест не играл на претходните две средби, додека Англичанецот се здобил со повред на дуелот со Перт.