Top Sport

И рели возачите мамат, нели?

Рели легендите и поранешни шампиони од Дакар релито, ветераните Карлос Саинс Сениор и Насер Ал-Атијах се најдоа во неочекувана војна со зборови со обвинувања за мамење по Андалузиското рели во текот на викендот.

Ова започна откако Саинс на Твитер изјави дека е разочаран од Катарецот Ал-Атијах, споделувајќи видео од еден од гледачите, на кое се гледа Ал-Атијах како фаќа „скратен пат“ на последната етапа. Ал-Атијах победи со 43 секунди предност, но доби казна од 2 минути од ФИА за постапката.

Но, ниту Катарецот не остана покус и му одговори на Саинс со смеење: „Не биди разочаран“, објавувајќи видео на кое Саинс фаќа сличен „скратен пат“ на Баха релито во Мексико во 2017 година.

Scroll to Top