Џакомо Агостини, 78-годишната Мото ГП легенда, и човекот со најмногу светски титули во историјата (15), вели дека неговиот италијански сонародник, Валентино Роси ќе мора да направи тешка одлука за да се повлече од спортот по катастрофалните резултати оваа сезона.
Агостини секогаш имал фантастични односи со Роси, и покрај несогласувањата, посебно откако Агостини го бранеше Марк Маркез од обвинувањата од Роси. 42-годишниот Роси реши да ја продолжи кариерата и да вози и оваа сезона, но шансите да додаде на деветте светски титули кои ги има се минимални, бидејќи „Докторот“ тешко влегува и во топ 10.
„Навистина е тажно да се види Валентино далеку од првото место, а посебно за неговите фанови кои уште се надеваат на добри резултати. Мислам дека кога цел живот си навикнат да победуваш и да бидеш на врвот, тешко е да се помириш со такви резултати. Ги почитувам неговите размислувања за неговата кариера, но треба да сфати кога е дојдено времето за пензија. Мораш да имаш храброст да кажеш дека е доста“, вели Агостини за „Скај спорт“.