Top Sport

„Ако Ботас победи неговиот лик ќе го тетовирам на моето тело“

Вил Бакстон, новинар и презентер во Формула 1 е убеден дека Валтери Ботас сезонава нема да забележи ниту една победа. Ботас, во новата сезона ќе вози за тимот на Алфа Ромео.

Бакстон толку многу не верува во квалитетите на Финецот, поради што понудил да направи нешто необично доколку Ботас оствари победа.

„Го сакам Ботас, но нема да забележи победа оваа година. Доколку се случи тоа, на моето тело ќе го тетовирам неговиот лик“, рекол новинарот.

Валтери Ботас во кариерата забележал 10 победи, 20 пати ја освоил пол-позицијата.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 20.март во Бахреин.

Scroll to Top