Возачот на Ферари Себастијан Фетел е убеден е дека во болид на некој друг тим би бил многу побрз на пателата. Поранешниот светски првак е далеку од врвот на Формула 1, иако за многумина тој е подобар возач од клупскиот колега Шарл Леклер.
„Дајте ми еднакво добар болид и сугурен сум дека никој нема да биде пред мене“, рекол Германецот.
На оваа изјава се надоварзал поранешниот шеф на Мерцедес Норберт Хауг кој смета дека Хамилтон не би можел да биде толку брз доколку вози во Ферари.
„Дајте му го на Хамилтон овој болид на Ферари и тој нема да победи. Сметам дека би била добра одлука Фетел да премине во Рејсинг Пинт, кој од наредната сезона ќе го носи името Астон Мартин“, рекол Хауг.
„Фетел секогаш го извлекува максимумот од лошиот болид. Секогаш ги има работите под контрола, многу е подобар од тимскиот колега…И покрај тоа зад Мерцедес заостанува за цел круг, навистина болидот на мерцедес е подбар него минатата сезона, кога исто така беше многу подбар од конкурентите“, истакнал Ралф Шумахер.