Top Sport

Албон за менталитетот на Ферстапен: Само вози брзо и не му е грижа за последиците

Макс Ферстапен е на врвот на светот и во март ќе ја стартува Ф1 сезоната како актуелен шампион со број 1 на неговиот болид, и неговиот поранешен колега Александер Албон вели дека најмногу импресионира неговата ментална сила.

Албон во 2019 и 2020 беше колега на Ферстапен во Ред бул, пред да биде заменет со Серхио Перез минатата сезона, но остана во Ред бул како резервен возач.

„Најмногу од се, ме импресионира неговата способност да не се грижи. Ментално е неверојатен. Само го вози болидот и не размислува за последиците или за работите кои се случуваат околу него. Тоа ме инспирираше. Кога ќе завршеше зад Луис Хамилтон ќе кажеше ‘ОК, не е важно’. И да победеше, исто така ќе кажеше ‘ОК, не е важно’“, вели Албон.

Scroll to Top