Алекс Маркез ќе продолжи да вози за тимот на Гресини и следната сезона, објави тимот во четвртокот.
Веста доаѓа само неколку дена по неговиот најголем успех во кариерата, победата во спринт трката на патеката во Силверстон.
„Среќен сум што ќе продолжам да работам со тимот. Кога се е во ред, лесно се разбираме. Тоа што ќе продолжиме да работиме заедно е клучно за напредокот на тимот со овој мотор. Во овој тим се ќе биде полесно. Ќе продолжиме да растеме и да изненадуваме“, изјави шпанскиот возач.