Top Sport

Алези: Сена беше многу побрз од Шумахер

Поранешниот Ф1 возач, Жан Алези вели дека Аиртон Сена беше ривалот кој најмногу го импресионирал во неговата долга кариера, поставувајќи го Бразилецот далеку на врвот пред Михаел Шумахер, иако во кариерата возеше и покрај шампиони како Емерсон Фитипалди, Алан Прост и Најџел Менсел.

Алези ја загуби битката со Сена во легендарното Американско ГП во 1990 година во Феникс, борејќи се со доминантниот Мекларен во слабиот Тајрел. Французинот ќе го смени местото со Шумахер во 1995 година, кога Шуми дојде во Ферари за да ја почне неверојатната деценија на успех. Иако Шумахер освои седум титули, Алези вели дека Сена бил дефинитивно побрзиот.

„Некои возачи разговараат со инженерите, работат на тоа, а другите не. Михаел беше типичен возач кој што и да кажеше, неговиот тим го следеше. Тоа го направи голем шампион, поради довербата која ја влеваше во тимот и сите работеа напорно за него. Со тие титули, победи, пол-позиции, секако дека беше посебен. Но, со Сена… Не знам како да кажам, но Сена повеќе ме импресионираше. Тој беше чиста брзина. Не заборавајте какви болиди возевме тогаш, со квалификациски гуми, 550 килограми и без серво-управување. Аиртон ме импресионираше многу пати“, вели Алези.

Scroll to Top